„Сакаме крај на војната“: Палестинците на протест против Хамас (ВИДЕО)

Палестинците демонстрираа против Хамас во северниот дел на Газа, во досега најголемиот протест против милитантната група од нејзините напади врз Израел на 7 октомври 2023 година, јави Си-Ен-Ен.



Видеото до кое дојдоа американските медиуми покажува илјадници луѓе кои маршираат низ улиците на Беит Лахија во северниот дел на Газа, извикувајќи „Хамас надвор“, „Терористи на Хамас“ и „Сакаме крај на војната“.

На социјалните мрежи се појавија и повици за демонстрации против Хамас во Газа, при што организаторите на протестот порачаа „нашиот глас мора да стигне до сите шпиони кои ни ја продадоа крвта“.

Во израелските напади во Појасот Газа загинаа најмалку 23 Палестинци на 25 март.

Израелската армија ја обнови својата кампања против Хамас во Газа пред една недела, прекршувајќи го двомесечниот прекин на огнот. Оттогаш, според палестинските здравствени власти, речиси 700 луѓе – главно жени и деца – се убиени.

Протестите доаѓаат откако бројот на загинати во Газа во неделата надмина 50.000, според Министерството за здравство во енклавата.

Повеќето од 2,3 милиони луѓе во Газа беа раселени повеќе пати за време на речиси 18-месечната војна и се соочуваат со влошување на недостигот на храна и вода, откако Израел ја прекина испораката на помош на почетокот на овој месец.