Царинските екипи на граничниот премин Блаце спречија обид за шверц на дрон „MAVIC 2 ENTERPRISE“ со батерии, полначи и контролери со проценета вредност од 159.660 денари.
Во текот на изминатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за шверц на разновидна стока, при што привремено се запленетии и цигари, фалсификувана стока.
покрај ова, ова во два одделни случаи, на граничните премини Богородица и Дојран се запленети 22 штеки цигари без акцизни маркички.
Во првиот случај, при проверка на камион-цистерна што се пријавила за влез во земјата на граничниот премин Богородица се запленети 12 штеки цигарив цигарите е 16.200 денари, а избегнати се давачки во вредност од 27.195 денари.
Во вториот случај, при проверка на камион на граничниот премин Дојран на влезот во земјата се запленети 10 штеки цигари. Цигарите се пронајдени при претрес во кабината на камионот во пластична кеса. Вредноста на цигарите е 6.480 денари, додека избегнати се царински давачки во износ од 15.896 денари.
Во два случаи, царинските екипи запленија разни производи со заштитени трговски марки. Во првиот случај, запленети се и приведени 15 електрични детски автомобили со заштитени трговски марки под сомнение за повреда на права од интелектуална сопственост.
Во вториот случај, запленети се 1.190 тетратки, 70 детски шатори и 1.390 играчки со заштитени трговски марки, исто така приведени под сомнение за повреда на права од интелектуална сопственост.





