Обвинение против 32 годишна жена која се обидела да ја убие својата мајка, со која живеела во заеднички дом поднесе Обвинителството во Кавадарци.
„Обвинетата, додека жртвата спиела, ја удрила со чекан повеќе пати во главата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот и го прекинала делото“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Кавадарци.
Сведок на настанот кој се случил на 10 септември годинава, во семејната куќа во Кавадарци, бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не ѝ дозволил да избега по настанот.
Од обвинителството информираат дека вештачењата покажале дека обвинетата го сторила делото под дејство на психички растројства, комбинирана употреба на лекови и психоактивни супстанции.
Како што информираа од обвинителството, обвинетата останува во притвор.






