САД со бодликава жица ќе се брани од Мексиканци

Tри дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа во понеделник, aгенти на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад Хуарез, јави АФП.



По победата во ноември, Трамп рече дека сака да прогласи национална вонредна состојба за да го спроведе својот план за масовно протерување мигранти и дека има намера да ги искористи вооружените сили за тоа.

„Закана број еден за нашата внатрешна безбедност е јужната граница со Мексико#, изјави вчера Кристи Ноем, која новоизбраниот претседател ја назначи за шеф на американското Министерство за домашна безбедност, посебно одговорна за контрола на имиграцијата.

Ден по инаугурацијата на Трамп, почнува депортација на нелегалните мигранти од САД