Администрацијата на Бајден неофицијално го информирала американскиот Конгрес дека предложила продажба на оружје во вредност од 8 милијарди долари на Израел, вклучувајќи муниција за борбени авиони и хеликоптери за напад, објави Ројтерс
За да може договорот да се имплементира, потребно е одобрение комисиите на Претставничкиот дом и на Сенатот.
Оружјето што се планира да се продаде вклучува ракетна артилериска муниција воздух-воздух, која се користи за одбрана на борбени авиони од закани како што се беспилотни летала, бомби, боеви глави….се вели во извештајот.
„Претседателот (Бајден) јасно кажа дека Израел има право да ги брани своите граѓани, во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, како и да ги одврати нападите на Иран и неговите соработници“, изјавил американски претставник.
Дипломатските напори досега не успеаја да стават крај на 15-месечната израелска војна во Газа. Мандатот на претседателот Џо Бајден завршува на 20 јануари, кога на негово место ќе дојде Доналд Трамп.






