Околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф.
Кенеди во 1968 година беа објавени како дел од декласификацијата на националните архиви нарачана од претседателот Доналд Трамп, објавија АП.
Многу од материјалите поврзани со атентатот на сенаторот беа објавени и претходно, но други не беа дигитализирани и со децении се наоѓаат во архивите на федералната влада.
Кенеди беше смртно застрелан на 5 јуни 1968 година во Лос Анџелес откако одржа говор за неговата победа на претседателските прелиминарни избори на Демократската партија во Калифорнија.
Неговиот убиец Сирхан Сирхан е осуден за убиство од прв степен и се уште издржува доживотна затворска казна.
Роберт беше помлад брат на претседателот Џон Ф. Кенеди, убиен во 1963 година.
Следно се очекува да бидат објавени и архивите за атентатот на Мартин Лутер Кинг.
Објавени 80.000 документи поврзани со атентатот врз Џон Кенеди






