САД не му издаваат виза на балкански премиер

Американските федерални власти одбиле да му издадат влезна виза на премиерот на најмладата балканска држава.



Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја откажал посетата на САД затоа што не се кфалификувал за влезна виза, објави радиото Слободна Европа.

Харадинај на 11 јануари требало да биде гостин на настан организиран од командантот на националната гарда на Охајо Тимоти Е. Ор.

“Премиерот Харадинај беше поканет од генералот Ор на настанот но жалиме што не можеше да биде со нас”, изјавил портпаролот на гардата на Ајова Грег Хапуд кој ја потврдил информацијата.

Според Хапуд образложението е дека посетата не може да се реализира а за дипломатскиот инцидент немало повеќе информации.

Наместо Харадинај на настанот ќе учествува заменикот премиер Беџет Пацоли.