Соединетите Држави во понеделникот соопштија дека не биле во можност, главно поради логистички причини, да го прифатат иранското барање за помош по хеликоптерската несреќа викендов во која загина претседателот Ебрахим Раиси, јави „Ројтерс“



Реткото барање од Иран, кој ги смета Соединетите Американски Држави и Израел како свои главни противници, беше обелоденето од Стејт департментот на брифинг со новинарите.

За реткото барање на Иран, кој ги смета Соединетите Американски Држави и Израел како свои главни противници, соопшти Стејт департментот на брифинг.

„Иранската влада ни побара помош. Ние јасно ставивме до знаење дека ќе понудиме помош како што би одговориле на секое барање од странска влада во слична ситуација“, изјави портпаролот Метју Милер за новинарите.

На крајот, главно поради логистички причини, не можевме да ја пружиме таа помош“, објаснува Милер, без да образложи.

Јагленисаните остатоци од хеликоптерот што се урна во неделата со Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахијан и уште шест патници и членови на екипажот беа пронајдени рано во понеделникот по потрагата во текот на ноќта во услови на снежна бура.

Иран се уште нема објавено официјална информација за причината за падот на хеликоптерот Bell 212 од американско производство во планините во близина на границата со Азербејџан.

Запрашан дали е загрижен дека Техеран може да го обвини Вашингтон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече:

„САД немаа никаква улога во оваа катастрофа“.

„Не можам да шпекулирам која би била причината“, додаде тој.