САД и Израел сакаат да ги иселат Палестинците од Газа во Африка

 

Соединетите Американски Држави и Израел остварија контакт со официјални лица од три источноафрикански земји за да разговараат за можноста за преселување на Палестинците од Газа на нивна територија објави, повикувајќи се на американски и израелски извори, Асошиејтед прес.



Според информациите, биле остварени контакти со Судан, Сомалија и отцепениот регион Сомалиленд. Но, суданските власти ја одбија понудата на САД, додека претставниците на Сомалија и Сомалиленд изјавија за АП дека не биле информирани за такви контакти.

Белата куќа и американскиот Стејт департмент не го коментираа извештајот, а министрите за информации на Сомалија и Сомалиланд не возвратија на телефонските повици на Ројтерс за коментар.

Претходно овој месец, арапските лидери го прифатија египетскиот план за обнова на Газа вреден 53 милијарди долари, чија цел е да се избегне принудното преселување на Палестинците.

Овој план е во спротивност со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно изрази визија за „ривиерата на Блискиот Исток“ и дури разговараше за можноста САД да ја преземат контролата врз Газа за да ја реконструираат опустошената територија.

Идејата за присилно раселување на Палестинците предизвика широко меѓународно противење…