Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, вели дека САД го поддржуваат Преспанскиот договор со Грција и беа разочарани што претседателката Гордана Силјановска-Давкова не го користеше уставното име С. Македонија при инаугурацијата.



На прашањето на Сакам да Кажам што би се случило ако новата македонска влада реши да не го почитува Преспанскиот договор со Грција, Ален со одгоор:

„Се разбира, ние го поддржуваме Преспанскиот договор и бевме разочарани кога видовме дека претседателката не го користи целосното и формално име С. Македонија. Ќе следиме да видиме што прави владата. Во постојан дијалог сме со владата која е во тек на формирање.

И затоа, тука не би прејудицирала никакви последици, но, секако, би се надевале и охрабруваме дека лидерите на С. Македонија ќе се придржуваат до меѓународните договори“, рече Ален.

Со вчерашната посета на Македонија Ален ја заврши турнејата низ земјите на Западен Балкан, при што ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Косово.