САД готват пакет ново оружје за Украина тежок 1,2 милијарди долари

 

 

Администрацијата на Бајден во наредните денови ќе го објави својот најнов пакет од Иницијативата за безбедносна помош на Украина (USAI), користејќи ги преостанатите средства издвоени за купување ново оружје за Украина, дознава Ројтерс.



Пакетот вклучува противвоздушни пресретнувачи и артилериска муниција, но точната содржина се очекува да биде откриена кога пакетот ќе биде објавен во наредните денови.

Оружјето ќе вреди околу 1,2 милијарди долари.

Според USAI, воената опрема се набавува од одбранбената индустрија или партнери, а не од американски залихи, што значи дека може да бидат потребни месеци или години за да стигне до бојното поле.

Пакетот би можел да биде меѓу последните чекори што Соединетите држави ги преземаат за да обезбедат директна воена поддршка на Украина додека Киев се подготвува за враќање на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Трамп jавно ја доведе во прашање воената помош и вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа по неговата инаугурација на 20 јануари.

Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Соединетите Американски Држави издвоиле 175 милијарди долари помош за Украина, вклучително и околу 61,4 милијарди долари за безбедносна помош.