Садикарио: За поголем дел од народот владата ја „тргна“ Македонија од ендекот! – Претседателката Давкова има феноменален успех!

„Општо мислење е дека Македонија пристојно ‘се помрдна’ од ендекот, во кој се најдовме. Најактивни и офанзивни се министерот за транспорт Александар Николоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Браво – народот сака само да продолжите без застанување. Премиерот Мицкоски игра, ама прима и удари, но не може да бидеш шампион без да примиш некој аперкат.“ – вели професорот д-р Самуел Колономос-Садикарио во својата колумна со наслов „Сто дена влада – пристојно помрднување од ендекот“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.



Покрај другото, натаму Колономос-Садикарио пишува: Сто дена – еееееј, летнавте како сиви галаби. Ова не е мое лично мислење, ниту на некоја партија, или установа. Ова е она, што го зборува народот „од улица“. Поголем дел од народот ѝ е наклонет на новата влада, но значителен дел и не е, близу една третина. Браво – народот сака само да продолжите без застанување. Нема запирање! Како велевме кога бевме млади: „Нема одморање додека трае обновата“!

Претседателката Гордана Силјановска има феноменален успех. Во стоте дена доби два сериозни „аперката“ од Грција и Бугарија, но сепак не сме Ватерло, не доживеавме пораз. Таа многу им веруваше. Но граѓаните ѝ веруваат на претседателката Силјановска. Горан Минчев испука еден опасен рафал околу фамозниот балансер и ја оправи малку работата. Ќе има и нов закон за праведност. Добро, ама да не биде „Курто и Мурто“ за балансерот.

Нивниот шеф Максим Димитриевски е фантастичен човек. Ама на партијата ѝ паѓа рејтингот – ајде пријателе, да не останеме само на Куманово. Филипче е генерал без војска. Тој ќе остане соло-напаѓач врз Владата, како „осамен командос“. Доктори не смее да бидат политичари. Јас би им забранил, но ќе речат дека сум недемократ. Артистот Африм Гаши се врти како „фламингос“ околу убавите претседателки на Косово и Албанија. Впечатливо. А Македонија – фуј! Што ќе му е Македонија? – Па повеќе албански знамиња има во Македонија, отколку во Албанија.

Одвојувањето на Албанија за влегување во ЕУ е вовед во војна. Ќе биде влезна врата за џихад, а тоа може да биде и Македонија. Центарот за имигранти (бегалци) што го изгради Италија во Албанија е „детска градинка“ за идните европски џихадисти. Грција и Бугарија не сфаќаат дека односот кон Македонија е џихадизација, од која и тие ќе изгорат. Околу една милијарда евра дава Саудиска Арабија „за џамии“ во Македонија. Колку дава Иран? Над 20 центри за обука на терористи има на Балканот, според еден  италијански медиум. Експерти велат 18 отсто од кокаинот проаѓа низ Македонија, а 100 отсто од светскиот кокаин и една третина од хероинот ги води албанската мафија. Тоа се огромни пари.