Едномесечното натегање и трошење на нерви и пари заврши кога со 64 гласа „за“ и со громогласен аплауз од пратениците на владејачката коалиција, попладнево Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски.



До изборот на наследник на Зврлевски, процес кој се очекува дека трае подолго заради локалните избори, во неговата фотелја ќе седи  неговиот заменик, Џељаљ Бајрами.

Во меѓувреме, веќе се шпекулира за кандидатите за наследник на Зврлевски. Се споменуваат имињата на адвокатите Александар Наков, Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски и Лорија Ваневска за кои како што се дознава веќе е побарано и мислење од адвокатската комора за оценка на нивните професионални кредибилитети.