Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави жалба за судењето на Данците Мадс Хансен и Јеспер Мадсен на натпреварот со Холандија на Светското првенство.
„За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, украдени топки, искалкулирани фаули. Во превод: ДРОБЕЊЕ!
Досега ретко сме се жалеле (можеби два пати досега), ама ова беше под секое спортско достоинство.
РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на исходот МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ“, порача Милошевски на Фејсбук.






