Руте: На Украина никогаш не ѝ било ветено членство во НАТО

Лидерите на НАТО никогаш не ѝ ветиле на Украина дека ќе стане членка на Алијансата доколку склучи мировен договор со Русија, изјави за новинарите вчера шефот на западната воена алијанса, Марк Руте, пренесе France24



„Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е клучно, но на Украина никогаш не и беше ветено дека ќе стане дел од НАТО како дел од мировниот договор“, рече Руте.

Европските лидери претходно го предупредија Вашингтон против украинскиот мировен договор со Русија зад нивниот грб додека се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса, откако американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со Путин и најави почеток на преговорите.