Руско МНР: Украина планира терористички акции врз свои дипломатски канцеларии низ Европа

 

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Украина планира терористички напади врз своите дипломатски канцеларии во европските земји.



Се наведува дека Украина сака да ги наруши потенцијалните мировни преговори и дека најверојатно ќе се фокусира на Германија, балтичките земји и Скандинавија.

Од руското МНР уште наведуваат дека можеби Украина би можела да одлучи да ги нападне Словачка и Унгарија затоа што „тоа им ветува дополнителни придобивки, односно дискредитација на оние земји од ЕУ кои зазеле посебна позиција во однос на украинскиот конфликт“.

Информацијата ја објави руското Министерство за надворешни работи на својот официјален канал Телеграм.пренесува Индекс.хр..