Русковска утврдила дека Заев имал удел во бегството на Никола Груевски, тврди Јовановски (ВИДЕО)

Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој е еден од инсајдерите во најблискиот круг околу екс премиерот Зоран Заев со кого се среќавал често, во подкастот „Лазаров“ зборува за уделот на струмичанецот во бегството на Никола Груевски.



Според Јовановски Заев има улога во бегството на Груевски а тоа било утврдено од страна на јавната обвинителка Русковска.

„Што мислите Никола Груевски, така избега? Најдобро е да го прашате Зоран Заев. Онаа несреќна Вилма Русковска водеше постапка за бегството на Никола Груевски. И што откри? Зоран Заев има удел во бегството на Никола Груевски. Зоран Заев беше сериозен тровец-поединец. Прво јас му верував многу – неговата простодушност, неговиот шарм, наводната доброта, ми даваше чувство на сигурност. Јас го познавам пред да стане премиер и после откако стана премиер. Неговите апетити пораснаа многу повеќе“, вели Јовановски во поткастот.

Според Јовановски која самиот беше осуден за рекет на Јордан Камчев, Шарената Револуција била политички инструмент од каде почнал рекетот во Македонија.

,,Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука е почнато да се рекетираат луѓе и бизнисмени кои ги имаше на тие снимени разговори. На покојниот Силјан Мицевски му се земени 800 илјади евра. Јас ги знам посредно, непосредно работите, за кои можам да посведочам. За сѐ што зборувам во дадени ситуации сум материјализиран во смисла на материјални докази. Ако се спои целиот мозаик, ќе видите дека ништо не зборувам само така. Рекетирани се цела плејада на лица. После е Кирацовски, кој и мене ме спои со Силјан Мицевски. Кирацовски му се јавил бидејќи биле сограѓани со Силјан Мицевски и му кажал дека за да не му бидат објавени тие снимени разговори дека овој другиов ќе го чека во Струмица. Тие викаат дека тоа е за помош на партијата. А тоа било повише личен интерес. Потоа, брат му станува главен. Јас останувам во некакви комбинаторики со нив. Тие комуницираа со обвинетите во СЈО“, раскажува Јовановски.

Целиот поткаст