Руски патријарх Кирил: Човештвото се ближи кон крајот на светот!

Патријархот на Руска православна црква, Кирил, изјави дека човештвото западнало длабоко во гревови и се ближи кон крајот на светот.



„Треба да се биде слеп и да не се види приближувањето на страшни историски моменти, за кои зборуваше Јован Богослов“, рече тој по одржаната литургија во Храмот на Христос Спасителот во Москва.

Патријархот Кирил ги повика на сплотеност сите луѓе што ја сакаат Русија, бидејќи „човештвото влегува во критичен период од развојот“ и тоа, според него, се гледа со голо око. Тој додаде дека, според христијанската вера, доаѓањето на крајот на светот зависи од самите луѓе, повикувајќи ги верниците да преземат одговорност за Русија и за целиот човечки род и да го запрат „лизгањето во бездната на запирањето на историјата“.