Во напад со руски беспилотни летала врз Одеса во текот на ноќта загинаа две лица, а петмина беа ранети, соопшти гувернерот на регионот, Олех Кипер.
„Две лица загинаа, а петмина беа повредени во нападот. Лекарите им пружаат секаква потребна помош на повредените“, објави Кипер.
Цел на нападите беа станбени облакодери, семејни куќи, супермаркет, училиште и автомобили.
Нападот врз Одеса се случи само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави таканаречената хуманитарна иницијатива: прекин на огнот што е закажан да започне на 8 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот за краткотраен прекин на огнот, велејќи дека континуираните напади на Русија врз цивилни цели докажуваат дека Кремљ не сака да ја заврши војната.
„Ние ги цениме човечките животи, а не парадите. Затоа веруваме, како и остатокот од светот, дека нема причина да се чека до 8 мај“, рече Зеленски.
На 11 март, Украина објави дека ќе го прифати американскиот предлог за 30-дневен целосен прекин на огнот, под услов и Русија да го стори тоа.
На 23 април, Зеленски повтори дека Украина бара „итен, целосен и безусловно прекин на огнот“.






