Еден од најдолговечните заменици-министри за одбрана на Русија, Тимур Иванов, е приведен под сомнение за поткуп, соопшти прес-службата на Истражниот комитет на Русија.



Заменикот министер Тимур Иванов.е на функција од 2016 година и е одговорен за управување со армискиот имот

Судот одлучи да му одреди двомесечен притвор.

За примање поткуп во особено големи износи, казната е до 15 години затвор.

„Истрагата сугерира дека Иванов стапил во злосторничко здружување со трети лица за извршување на кривични дела – примање поткуп во особено големи износи со давање услуги од имотна природа при извршување на наредби за Министерството за одбрана“, соопшти судот.

Тимур Иванов се изјасни за невин. Заедно со него, уапсен е неговиот близок пријател – бизнисменот Сергеј Бородин.