Руските пранкери го прогласија Заев за „најглупав“ политичар кого го насамариле (ВИДЕО)

Во 2018 и во 2019 година, додека беше премиер,тогашниот премиер Зоран Заев  „падна“ на лажните повици на руските пранкери Вован и Лексус и водеше сериозни разговори со нив, мислејќи дека разговара со поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, со поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со активистката Грета Тунберг.



Заев е неверојатен, никого не успеавме да лажеме година дена, велат руските пранкери

Поради тоа, тиа го прогласија поранешниот Заев за најглупавиот политичар од сите што успеале да ги насамарат, пренесе Плусинфо.

Пранкерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров (Вован и Лексус) гостуваа во подкастот на блогерот и дизајнер Артеми Лебедев, кој е достапен на социјалната мрежа ВКонтакте, каде го нарекоа Заев херој на нивните шеги и го прогласија за најглупав од сите.

Велат дека откако му се јавиле на Заев во име на поранешниот украински претседател  Порошенко, снимката од разговорот не ја објавиле цела година потоа. За сето тоа време Заев редовно им испраќал фотографии од средби со други политичари преку Ватсап, но и од контакти на државници од Косово, и мислел дека комуницира со Порошенко. Тие велат дека досега не успеале да лажат некој друг функционер цела година.

„Ова е веројатно најглупавиот политичар со кој успеавме да комуницираме“, велат тие.

Во јуни 2019 година Вован и Лексус на својот јутјуб канал објавија снимка во должина од речиси еден час, за која велат дека се споени три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари 2019 и во април 2019 година. Во нив комичарите, претставувајќи се како Порошенко и Столтенберг разговараат со македонскиот премиер на повеќе теми – ситуацијата пред референдумот, дали Русија има влијание во нашата држава, како и за Косово и Србија. Се разговара и околу добивањето на автокефалност на македонската православна црква, а лажниот Порошенко го убедува Заев дека истата може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во разговорот со лажната Грета Тунберг и нејзиниот татко, Заев со нив зборува за затворање на аеродромите, за легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, како и за мигрантите.

Мета на руските пранкери беа и Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, неколку американски гувернери и конгресмени, како и францускиот претседател Емануел Макрон.