Партијата на Комунистите на Русија побара од службата за безбедност ФСБ и највисоките обвинители да ја истражат можната вмешаност на западните разузнавачки служби во смртта на советскиот лидер Јосиф Сталин во 1953 година, објави во вторникот новинската агенција РИА.
„Партијата апелираше до Јавното обвинителство на Руската Федерација и до ФСБ со барање да се провери можната вмешаност на западните разузнавачки служби во смртта на Јосиф Висарионович Сталин“, изјави претседателот на партијата Сергеј Малинкович, пренесе Ројтерс
„Многу сведоштва на современиците на Сталин зборуваат за можното труење на водачот на советските народи од агенти под западно влијание“, рече Малинкович.
Не е јасно дали ФСБ или Јавното обвинителство одговориле на барањето на партијата.
Денес се навршуваат 71-година од смртта на Сталин, кој беше лидер на Советскиот Сојуз од 1924 година до денот на неговата смрт. Причината за неговата смрт, според тогашните советски власти, била хеморагичен мозочен удар.
Сталин ја надгледуваше брзата индустријализација на Русија, но се смета за одговорен за смртта на милиони во чистки, во работните логори (Гулаг) но и поради глад.
Рускиот претседател Владимир Путин, кој се смета себеси за наследник водачите од минатото, понуди одмерена оценка за Сталин: го пофали неговото воено раководство но ја осуди неговата внатрешна политика како „тоталитарна“.
Партијата Комунисти на Русија (CPCR) е регистрирана во 2012 година.
Нејзин главен ривал од левата страна на политичкиот спектар на Русија е Комунистичката партија на Руската Федерација (CPRF), која се смета себеси за наследник на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.







