Шефот на „Руско – српскиот хуманитарен центар“ во Ниш Вјечослав Николаевич Власенко негира дека неговите луѓе во руската база во близина на Ниш вршат шоионски активности. Според него примарна улога на руските експерти во базата да помагаат во случај на пожари, во чистење на мински полиња и обука на персонал на српските институции.
Според дел од експертите за безбедност руската база во Ниш има за цел да биде контратежа на американската амбасада во Скопје од каде според шпекулациите се врши дигитален и воздушен мониторинг и набљудување на целиот регион.
Власенко тврди дека западните медиуми тврдат дека Русите имаат задача да вршат шпионажа а никогаш не ја посетиле базата.
– За три години обучивме над 300 луѓе, изјавил Власенко за српските медиуми. Според него не само српски туку и други граѓани од членки на ЕУ како од Унгарија добиваат тренинг за против – пожарни активности затоа што пожарите не знаат за граници.
Власенко тврди дека Хуманитарниот центар во Ниш започнал да ги засилува врските со сите околни држави меѓу кои и Македонија, Босна и Херцеговина и Република Српска но не и со Црна Гора и со Хрватска.
Тој тврди дека експерти од Македонија и Босна биле дел од групите кои што се испраќаат во Москва и Санкт Петерсбург на обука.
Руската влада досега потрошила над 40 милиони евра за финансирање на базата во Ниш.
Власенко признава дека базата добива информации од руските сателити за времето и термални точки кои што ги споделува со локалните власти но негира дека тие се користат за шпионажа.





