Не се поставени конкретни временски ограничувања, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за ТАСС на маргините на Источниот економски форум (ЕЕФ).



Тој нагласи дека Русија мора да ги исполни задачите поставени на почетокот на специјалната воена операција. Мора да ги заштитиме нашите идни генерации. Мора да ја гарантираме нивната безбедност и новата безбедносна архитектура на нашиот континент, објасни Песков.

Портпаролот на Крем истакна дека нема конкретни рокови за постигнување на целите на Москва. Сепак, според него, колку побрзо тоа се случи, толку подобро.