Гратчето Суџа, најголемото населено место во Курската област освоено од украинските трупи на 12 август минаата година, од денеска повторно е под контрола на Русија.
Институтот за проучување на војната и руските државни медиуми објавија снимки од војници што го поставуваат знамето на Русија во центарот на гратчето со 5.127 жители во 2021 година, кое се наоѓа близу до границата со Украина.
Рускиот доброволечки корпус соопшти дека индустриската зона во Суџа е ослободена како резултат на операцијата за влез на 800 војници во заднината на Оружените сили на Украина преку гасоводот.
Воени аналитичари очекуваат целата Курска област набрзо повторно да биде под контрола на Русија, која во последниве денови презеде масовна контраофанзива за „чистење“ на 1.370 квадратни километри окупирани од елитни украински сили минатиот август, од кои во моментов контролираат околу 200.






