Русија побара од Соединетите Американски Држави да им дозволат да купува авиони „Боинг“ користејќи замрзнати државни средства од милијарди долари, доколку се договори прекин на огнот во Украина, изјави извор од Москва, цитиран од Блумберг.
Понудата не е услов Москва за да се согласи на прекин на огнот, но Русија сфаќа дека замрзнатите средства не можат да се користат за купување авиони без прекин на огнот.
Договорот, кој ќе овозможи купување на авионите, може да биде дел од олеснување на санкциите доколку престанат борбите, објави Блумберг.
Портпаролот на Советот за национална безбедност Брајан Хјуз потврди за Блумберг дека „САД нема да разговараат за никакви економски обврски додека не се постигне прекин на огнот“.
Купувањето на нови „боинзи“ од Русија делумно би можело да го реши проблемот со застарената флота на руските авиокомпании.
Но, корист ќе имаи корпорацијата, која би можела да се најде во прилично тешка ситуација поради трговската војна иницирана од САД.
На САД отпаѓаат само мал дел од замрзнатите руски средства – околу 5-7 милијарди долари.
Овој износ би бил доволен за купување на неколку десетици авиони „Боинг“ со среден дострел.






