Безобразна одлука и шлаканица за Светската организација е израелското прогласување на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за персона нон грата изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Денешната вест за прогласувањето на генералниот секретар на ОН за персона нон грата е безобразна и крајно груба одлука. Ова е шлаканица не само за ОН, туку и за сите нас, Советот и членки на ОН “, изјави Небензја, пренесе РИА Новости.
За време на состанокот на Советот за безбедност на ОН тој ги повика членките на Советот и членките на ОН да одговорат на овој „безобразен чекор“.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека одлуката на Израел за прогласување на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за „персона нон грата“ не е продуктивна.
„Таквите чекори не се продуктивни за подобрување на положбата на Израел во светот. ОН извршуваат исклучително важна работа во Појасот Газа. ОН имаат исклучително важна работа во целиот регион.
Кога ОН дејствува на најдобар начин, тоа може да биде многу важно за безбедноста о стабилноста, истакна Милер.
Шефот на израелската дипломатија Израел Кац претходно изјави дека му е забранет влез на Гутереш во Израел бидејќи „недвосмислено“ не го осудил иранскиот ракетен.
„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва.
Бидејќи не зборуваше против Иран, Гутереш е „непожелна личност“, истакна Кац.
Гутереш по иранскиот напад врз Израел го осуди го осуди конфликтот што ескалира на Блиски Исток.






