Рускиот суд ја отфрли жалбата на американскиот војник кој во јуни беше осуден на речиси четири години во казнена колонија, откако беше прогласен за виновен за кражба на 10.000 рубљи (113 долари) од својата девојка и за закана дека ќе ја убие, пишува Ројтерс.
34-годишниот американски наредникт Гордон Блек беше приведен на 2 мај во рускиот далечен источен град Владивосток по расправија со неговата девојка Александра Вашчук, со која се сретнал додека бил во посета на Јужна Кореја.
Тој се изјасни за невин за заканите дека ќе ја убие Вашчук, но призна дека е делумно виновен што ги земал парите, за кои имал потреба.
Одбраната на Блек во својата жалба тврдеше дека првичната казна е незаконска и неправедна и побара ново судење.
Според адвокатот на Блек, пресудата ги игнорирала доказите кои ја потврдуваат невиноста на Блек и погрешно ги протолкувала неговите постапки кон жртвата.
Блек е еден од многуте Американци приведени во Русија под различни обвиненија.
Минатата недела, двојната руско-американска државјанка Ксенија Карелин беше осудена на 12 години затвор, откако рускиот суд ја прогласи за виновна за предавство затоа што донирала 51,07 долари во добротворна организација за поддршка на Украина.






