Русија го потсети Трамп, кој не сакал преговори за мир во Украина

Русија е отворена за разговори за Украина,изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од Ројтерс.



Песков истакна дека мировните преговори треба да се засноваат на договорите постигнати во Истанбул во 2022 година и на моменталната реалност на бојното поле.

Тој потсети дека Украина ги забранила контактите со руското раководство преку посебен декрет, кој, според него, треба да се отповика доколку продолжат преговорите.

„Нашиот став за Украина е добро познат: условите за итен прекин на непријателствата ги постави претседателот Путин во неговиот говор пред руското Министерство за надворешни работи во јуни оваа година.

Важно е да се потсетиме дека Украина одби и продолжува да ги одбива преговорите. “, истакна Песков.