Русија ги отфрли разговорите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за планот што треба да ја прекине војната.



Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, беше категоричен дека Русија ќе ја продолжи „специјалната воена операција“ во Украина.

Вчера, Зеленски најави дека ќе го претстави својот план – целосните детали за кои не ги откри јавно – на американскиот претседател Џо Бајден и неговите двајца потенцијални наследници во Белата куќа

Украинскиот лидер посочи дека тринеделната украинска инвазија на рускиот регион Курск е дел од неговиот план, но вклучува и други чекори на економски и дипломатски фронт.

Зеленски се залага Вашингтон да им дозволи на неговите сили да користат оружје со долг дострел доставено од САД за да нападнат длабоко во Русија.

Тој објасни дека идејата била да се принуди Москва да ја прекине војната.

„Не е првпат да слушаме такви изјави од претставници на режимот во Киев. Свесни сме за природата на овој режим“, посочи Песков на прашањето за планот на Зеленски.

„Ние ја продолжуваме нашата специјална воена операција и ќе ги постигнеме сите наши цели“, вети тој.

Русија во моментов е ангажирана во одбивањето на украинската инвазија која започна на 6 август и ја продолжува сопствената офанзива во областа Доњецк во источна Украина.