Русите тестираат нов дрон – го нарекоа „TRAMP“

Руските вооружени сили работат на производство на ново беспилотно летало наречено TraMP (Transport Aviation Multipurpose Platform), а неофицијално е наречено TRAMP.



Товарниот дрон е дизајниран да обезбедува транспортна и логистичка поддршка за време на воените операции.

ArmyRecognition, повикувајќи се на рускиот канал Телеграм , пишува дека фазата на дизајнирање е завршена и дека дронот моментално е на копнено тестирање, а првиот оперативен пробен лет е планиран за април.

TraMP е товарен дрон дизајниран за транспорт на товар на долги растојанија, дури и во тешки услови.

Има карактеристики кои, според производителот, го прават многу разновиден: Може да транспортира стока до тешко достапни локации, да служи како комуникациско реле за борбени беспилотни летала, па дури и како лансирна рампа за мали беспилотни летала кои извршуваат тактички мисии.