Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се сретна со заменик-командантот на Централниот руски воен округ кај Авдеевка и притоа забележа рачен фрлач на гранати РБГ-6 од хрватско производство при проверка на оружјето запленето од руските сили за време на борбите со Украинците.
Во видео објавено на социјалните мрежи, рускиот министер прашува дали фрлачот е хрватски, на што заменик-командантот одговара потврдно.
Хрватска ги испрати тие фрлачи на гранати со дострел од 400 метри како дел од воената помош за Украина. Лансерот користи гранати со калибар од 40 милиметри во неколку варијации за различни намени.






