Русите веќе не смеат да купуваат имот во Финска

Финскиот парламент едногласно го одобри владиниот предлог за целосна забрана на Русите да вршат трансакции со недвижен имот.



Ова го соопшти Министерството за одбрана на земјата, цитирано од АФП.

„Сметам дека е многу важен и многу сум задоволен што парламентот го поддржа овој предлог кој има за цел зајакнување на националната безбедност.

„Оваа одлука испраќа јасна порака: нема да дозволиме Финска да биде дестабилизирана“, изјави министерот за одбрана Анти Хаканен.

Тој рече дека следните мерки за зајакнување на безбедноста вклучуваат „законодавство што ја проширува можноста за интервенција во веќе стекнатите недвижности“.