Бугарскиот претседател утре ќе го врачи првиот мандат за формирање влада во рамките на 51. Народно собрание, јавуваат медиумите.
Примопредавањето на првиот мандат се случува повеќе од два месеци по предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 27 октомври.
Мандатот ќе му биде врачен на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група, односно ГЕРБ-СДС.
ГЕРБ излезе со став дека нивниот дефинитивен предлог за премиер е Росен Желјазков.






