Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја критикуваше одлуката на германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот да ја прогласи Алтернатива за Германија за екстремистичка десничарска организација и рече дека она што е екстремистичко во Германија не е таа партија.
Германија штотуку ѝ даде на својата разузнавачка агенција нови овластувања за следење на опозицијата. Ова не е демократија, туку тиранија прикриена, изјави Рубио на социјалната мрежа Х.





