Ројтерс–АП: Земјотресот уби над 2000 луѓе во Мјанмар, низ кој се шири мирисот на смртта – Спасена утрово жена по 60 часа под урнат хотел

„Една жена е спасена од урнатините од земјотресот во Мјанмар додека трагачите се тркаат со времето, за да најдат повеќе преживеани. Спасувањето даде ронка надеж три дена по големиот земјотрес, кој уби околу 2 илјади луѓе. Трагачите по преживеаните во Мјанмар и Тајланд продолжуваат со напорите да пронајдат нови преживеани.“ – објави утрово информативната агенција Ројтерс.



Ројтерс јавува: Спасувачите ослободија жена од урнатините на хотелот во Мјанмар, изјавија официјални лица денес. Жената беше извлечена од урнатините по 60 часа, откако беше затрупана под урнатиот хотел „Греат Вол“ во градот Мандалеј по 5-часовна операција на кинески, руски и локални тимови, се вели во објава на Фејсбук од кинеската амбасада. Се истакнува дека таа била во стабилна состојба денес изутринава. Спасувачките напори на Тајланд се насочени на урнатата висококатница во Бангкок, во која се стравува дека се затрупани 76 лица.

„Мирисот на смртта ги обзема градовите во Мјанмар откако земјотресот уби повеќе од 1600 луѓе и остави безброј закопани под урнатините. Продолжуваат пребарувањата, за да се  расчистат урнатините со надеж дека ќе се најде некој сè уште жив, три дена по силниот земјотрес.“ – објави новинската агенција Асошиетед прес.

Асошиетед прес јавува: Досега се пријавени и 3.408 повредени во Мјанмар. Спасувачите не се стигнати во многу области. Многу спасувачки напори досега се преземени од луѓе кои рачно работат за да се обидат да ги исчистат урнатините, рече Кара Брег, менаџер на Католичката служба за помош во Мјанмар со седиште во Јангун.

„Исто така, видов извештаи дека сега некои земји испраќаат тимови за пребарување и спасување до Мандалеј, за да ги поддржат напорите, но болниците навистина се борат да се справат со приливот на повредени луѓе, има недостиг на медицински материјали, а луѓето се борат да најдат храна и чиста вода“, додаде Брег.

Потрагата по преживеани се спроведува само од месни жители без помош на тешка опрема, кои пребаруваат низ урнатините со рака и со лопати на топлина од 41 целзиусови степени, а можеше да се види само повремено багер со трагачи.