Росоклија од МАНУ до власта: Готови се и тие тоа го знаат!

Горазд Росоклија, професор на Медицински факултет при Универзитет „Колумбија“ во Њујорк и член на Македонска академија на науки и уметности надвор од работниот состав, на својот профил на „Фејсбук“ со жестока порака до власта во Македонија по масовните апсења за настаните од 27 април.



„Власт која нема поддршка за политиката на разградување на македонската држава и бришење на македонскиот идентитет, ги апси најкреативните, оние чиј глас најмногу се слуша. Колку повеќе го апсат сопствениот народ, толку се поуплашени и поблизу до својот крај. Готови се и тие тоа го знаат“, порача светски признатиот невропатолог и невроимунолог преку „Фејсбук“ од САД.

Росоклија е член на МАНУ од 2007 година, добитник на наградата „11 октомври“ за животно дело како дел од македонската експедиција што го освои Монт Еверест во 1989 година.