Росоклија за амбасадорите на САД, власта и опозицијата

Професорот Горазд Росоклија од Универзитетот Колумбија во Њујорк раскажува што им порачал на тројца странски амбасадори во земјава во врска тоа чии интереси бранат вршејќи ја својата функција.



“На една вечера во ,,Воденица”, со двајца бивши и еден тогаш актуелен амбасадор (сите американски), го кажав следново:

,,Кога вие амбасадорите ја критикувате власта, знам дека таа власт прави нешто добро за народот. Пред да дојдете, вие се колнете дека ќе се залагате за интересите на земјата на која и служите и ве плаќа, не на земјата во која служите.”

Загрижува што во Македонија денес, амбасадорите ги фалат и македонската власт и македонската опозиција?

Кој го штити интересот на народот?”, прашува професорот Росоклија.