Членот на МАНУ надвор од работниот состав Горазд Росоклија ги подбра на „Фејсбук“ поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин, и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
„Има ли нешто побесмислено и понедостоинствено од тоа да си амбасадор во НАТО на земја која НАТО не ја прима како рамноправен член, но на нејзините војници им дозволува да гинат за интересите на НАТО. Нано амбасадор, а мочлето од министер за надворешни работи пред некој ден им вети дека Македонија ќе прати уште поголем број војници, мисли мажи. Тоа е основната разлика мeѓу маж и мочко, мочковците праќаат други и тртљаат глупости на ТВ, мажите одат“, прокоментира професорот на Медицински факултет при Универзитет „Колумбија“ во Њујорк.
Жестоката порака на македонскиот невропатолог и невроимунолог од светски глас беше негов придонес во дебатата што се разви за постот на „Фејсбук“ на универзитетската професорка Билјана Ванковска во врска со настапот на Ружин вечерва на Телма.
„Нато Ружин и компанија на Телма се потсмеваат на отворањето на македонска амбасада во Бразил. За нив Бразил бил некаква безвезна ‘егзотична дестинација’! До толку се дудуци од геополитика овие парохијални типови или тераат (американска) политика?“, напиша Ванковска на својот профил.





