Поранешниот претседател на Народното собрание, Росен Жељазков, е кандидат на ГЕРБ-СДС за премиер.
Тој го прифати мандатot за формирање влада, кој утрово му го врачи претседателот Румен Радев.
Жељазков беше придружуван од лидерот на неговата партија Бојко Борисов и заменик-шефот на формацијата Томислав Дончев, јави бугарски „Сега“.
Жељазков веднаш му ја достави на претседателот структурата и составот на кабинетот. Мнозинството негови кандидати за министри се политичари од ГЕРБ-СДС, но над една третина се претставници на актуелната преодна влада на Димитар Главчев.
По средбата со претседателот, Борисов пред медиумите посочи дека неговите избраници за кабинетот се победници во нивните изборни единици, што според него е „фер кон гласачите“.
Од неговата изјава беше јасно дека владеењето најверојатно ќе биде краткотрајно.
„Ако се случи некој трик – дали некои не дојдат (за време на нејзиното гласање во пленарната сала – забелешка), дали некои не поддржуваат не како партии, не како мнозинство што ја спроведува нашата програма, тогаш оваа влада ќе има многу краток живот…“, објасни лидерот на ГЕРБ.