За да се зголеми свеста кај граѓаните на Македонија – особено кај припадниците на ромската заедница – за процесот на граѓанска документацијаи поддршката што е достапна преку системот за бесплатнаправна помош, информативна сесија ќе се одржи во Шуто Оризари на 5 мај 2025, започнувајќи во 11:00 часот и во 13:30ч во Гази Баба, во зградите на општините.
Информативната сесија, насловена „Граѓанска регистрацијаи бесплатна правна помош – бидете видливи, регистрирајтесе!“, е организирана од заедничките проекти на ЕУ и Советот на Европа „За консолидиран и поефикасен системза бесплатна правна помош (БПП) во Македонија“ и „Интеграција на Роми – Фаза III“. Настанот се одржува восоработка со Македонското здружение на млади правници, Министерството за правда на Македонија, овластени здружнија на граѓани и правни клиники коиобезбедуваат бесплатна правна помош.
* * * * *
Информативната сесија, „Граѓанска регистрација и бесплатна правна помош – бидете видливи, регистрирајтесе! е дел од серија активности за подигнување на свеста, коиимаат за цел да го промовираат процесот на граѓанскарегистрација и користењето на услугите за бесплатна правнапомош во Македонија, особено кај припадниците на ромската заедница. Вакви активности ќе се организираат во различни општини, за да им обезбедат на што е можно повеќе граѓани, детални информации за тоа каде и како може да побараат бесплатна правна помош, кои субјекти јаобезбедуваат и како овој механизам може да помогне вопроцесот на граѓанска регистрација.
Пред и за време на настаните, ќе бидат поставени штандовисо информации за бесплатна правна помош на отворено, воделовите на општината каде граѓаните најмногу циркулираат. Граѓаните ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.Информативните активности од ваков тип ќе бидаторганизирани во седум општини низ Македонија од 5 до 15 мај. Тие имаат за цел да ја зголемат свеста заграѓанската регистрација и бесплатната правна помош кајжителите на локалните заедници – особено меѓу ромскатапопулација. Овие активности ќе ги промовираат услугите за бесплатна правна помош со посебен осврт на ранливите групи, вклучувајќи жени, деца и недокументирани лица.
Иницијативата за подигање на свеста кај граѓаните за користењето на бесплатната правна помош, спроведена од2020 година во Македонија со поддршка на ЕУ и Советот на Европа, има за цел да ги промовира услугите забесплатна правна помош како достапен и функционаленмеханизам, нудејќи ефикасна правна заштита на граѓанитеи, најважно, обезбедувајќи еднаков пристап до правда заоние лица кои поради финансиската состојба, тоа не можат да си го дозволат.
За повеќе информации и техничка поддршка:
Ирена Цуцулоска Јакимовска: irena.cuculoska-jakimovska@coe.int / + 389 2 3100 326
www.pravnapomos.mk
| КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ Промотивни настани за бесплатна правна помош во Македонија | ||
| Бр. | Општина | Датум на микро промоцијата |
| 1. | Шуто Оризари | 05 мај 2025 |
| 2. | Гази Баба | 05 мај 2025 |
| 3. | Кичево | 12 мај 2025 |
| 4. | Битола | 13 мај 2025 |
| 5. | Куманово | 14 мај 2025 |
| 6. | Тетово | 15 мај 2025 |
| 7. | Гостивар | 15 мај 2025 |






