Цел македонски град сака да емигрира во САД

Дури 34.000 пријави од Македонија имало за американската „лотарија“во 2015 година, соопшти американскиот Стејт департмент, но најавата дека може да биде укината оваа „погодност“ за иселување во „земјата на можностите“, доби мал публицитет тука, по обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп до нацијата во кое најави дека од септември би требала да се укине оваа практика.



Од просторите на поранешна Југославија, 6.379 пријави имало од Хрватска, 27.385 Срби, повеќе од 12.000 од Босна, близу 19.000 од Косово и 1.623 од Црна Гора.

Официјалните податоци покажуваат дека граѓаните на „некои балкански држави“, особено Албанија, Косово, Романија и Бугарија, се меѓу најупорните кандидати на таканаречената визна лотарија која дава можност за мигрирање во САД.

Албанците се во врвот на баратели: Бројот на албански кандидати беше зголемен од 87.189 на 173.012 во периодот од 2007 до 2014 година, пишува BalcanInsight.

Според американскиот Стејт департмент во 2015 близу 200.000 луѓе се пријавиле од Албанија од вкупно 14,5 милиони апликации поднесени од целиот свет.

Следни се Бугарија со 90.000 апликации, а потоа со Романија со 70.000.

Но, заканата на Трамп предизвика загриженост во Романија, која доживеа голема миграција во последниве години, со околу 2 милиони луѓе што ја напуштија земјата.

Адина Попеску (31), која одлучи да аплицира оваа есен, изјави за БИРН дека е загрижена од ставот на Трамп. Таа вели дека повеќето кандидати за виза за лотарија се ретко само средношколци или неквалификувани работници, туку луѓе со дипломи.

Како и многу други млади Романци, таа размислува да ја напушти својата земја поради политичка нестабилност и корупција.

Романија од 1 јануари 2007 е полноправна членка на ЕУ.