Романскиот премиер Марсел Чолаку поднесе оставка, а неговата Социјалдемократска партија ќе ја напушти владата откако десничарскиот националистички кандидат победи во првиот круг од претседателските избори, јави Би-Би-Си
Георге Симион, евроскептик кој вети дека ќе ја стави Романија на прво место, освои 40,9% од гласовите во неделата и се очекува да победи на вториот круг на 18 мај.
Тој ќе се соочи со либералниот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, кој тесно го победи кандидатот на Социјалдемократите (ПСД).
Резултатот од неделата ја втурна Романија – држава на ЕУ на источното крило на НАТО – во понатамошни политички превирања. Чолаку им рече на колегите дека бидејќи нивната коалиција не успеала да ја исполни својата цел и „нема легитимитет“, тие треба да се повлечат од владата.
Крајнодесничарот Симион, победник во првиот круг на претседателските во Романија







