Англиски пејач Роби Вилијамс ( 43) неодамна призна дека се бори против агорафобијата, поради тоа тој ги откажа трите концерти во Русија. Агорофобија е пореметување кое се карактеризира со страв од отворен простор, јавни места каде има многу луѓе. Поради тоа турнејата ќе ја продолжи во февруари следната година.



„Мојата самодоверба на сцената е само маска. Всушност, јас сум преплашен “, рече тој.

Роби Вилијамс е седум години во брак со актерка Ајдеем Филд (37). Тие имаат две деца, ќерка Теодор Роуз (4) и синот Карлтон (2).