РК Вардар се издигна над тешката ситуација, му честиташе титула на Пелистер

РК Вардар се издигна над тешката ситуација по поразот од најголемиот ривал и упати јавна честитка за титула на битолски Пелистер.



РК Вардар упати огромна благодарност и до своите навивачи Комити.

,,Упатуваме честитки до екипата на rkeurofarmpelister за вчерашната победа и освоената титула во ракометната Супер Лига 🇲🇰

Огромна благодарност до нашите komiti87skopje до илјадниците наши навивачи за одличната црвено-црна атмосфера. Вашата поддршка за време и по завршувањето на натпреварот е нашата најголема сила, наш најголем мотив да продолжиме уште посилно да се бориме за подобра иднина на клубот, за нови успеси!

Очите на ракометниот свет вчера беа насочени кон Скопје, кон полната сала ,,Јане Сандански” која и покрај поразот на нашиот клуб, сведочеше на одличен дерби дуел, кој секако дополнително допринесува и кон поголема афирмација на македонскиот ракомет.

Заедно Вардар повторно ќе го вратиме онаму каде што му е местото – на врвот”, пишува Вардар од каде ја упатуваат традиционалната порака:
Еден живот – една љубов 🔴⚫️
#ВардарЌеЖивее‼️