Home Видео Ристовски: Палењето на Македонското знаме e знак за иредентизам, национал-шовинизам…(ВИДЕО)

Ристовски: Палењето на Македонското знаме e знак за иредентизам, национал-шовинизам…(ВИДЕО)

Знамето е едем од најважните симболи што ја дефинира националната гордост, затоа и кривично се одговара за тоа кинење, палење, нема играње со таа работа, изјави претседателот на партијата „Интегра“ во синоќешното гостување во Само бистина на Канал 5.

„Со години наназад на патот Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово се истакнува само албанското знаме под изговор дека е приватен имот и се злоупотребува законот за знамиња.

Ристовски смета дека Македонија периодов треба да работи на неколку клучни можеби стратегиски одредници, а тоа е да ги среди државните симболи.

„Ние како политички елити не покажавме стаменитост во однос на националното знаме, ние дозволивме да го менуваме под притисок, заради влез, прогрес во ЕУ, кој еве трае 25 години. Вие како политички елити не сте покажале државнички став кон државната гордост знамето, логично е и другите така да се однесуваат. Не сме го решиле прашањето на грбот., немаме остварено целосен политички суверенитет на целата територија.

Синоќа цело Тетово имаше знамиња на голема Албанија, палењето на Македонското знаме е сериозен маркер за иредентизам, национал-шовинизам, дури и на граница на фашизам.

Ние имаме сериозни проблеми со политичките елити на албанската етничка заедница кои градат психоза кај своите да не да не го почитуваат македонскиот устав, грб, јазик, прво -второ одделение не знаат Македонски јазик.

Ние сме ги испуштиле конците како држава, рече Љупчо Ристовски, во Само Вистина во која дебатираше со лидерот на „Достоинство, Стојанче Ангелов“.