„ВМРО-ДПМНЕ во овие избори, во оваа кампања влегува со понуда на решенија за подобар живот на граѓаните, развој на економијата, развој во сите сфери како што е образование, здравство, земјоделие итн. Од анкетите на кои се испитува јавното мислење во изминатиот период се воочува разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС и веќе се етаблира 2:1 и повеќе. А, тоа само по себе кажува дека граѓаните не се задоволни од власта на СДС и ДУИ“, истакна пратеникот Петар Ристески во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.
Ристески додаде дека власта ја изгуби довербата на граѓаните бидејќи наместо живот во Македонија донесоа само криминал и корупција.
„Состојбите во државата се лоши, не функционира системот. И тоа мора да се промени, а тоа ќе се промени само со понудување на добри и квалитетни решенија. Тоа ВМРО-ДПМНЕ од старт го прави и се воочува преку секојдневните настапи на претседателот, на партиските функционери од сите структури дека излегуваме со решенија кои се најважни на граѓаните“, појасни Ристески.





