„Јас секогаш бев за излез“, вели поранешниот Битлс во изјавата за Би-Би-Си. Некогашната голема ѕвезда Ринго Стар сега живее во САД, но верува дека Брегзит е добар потег.
„Луѓето гласаа и сега мора да одат до крај. Одеднаш, некои луѓе не беа задоволни од гласањето. Што мислите? Имаше гласање, познато е кој победи и сега треба да се продолжи “, рече Стар.

Пол Макартни, другиот преостанат жив член на легендарните „Битлси“, исто така, не гласал на референдумот, но неодамна изјави дека веројатно ќе гласал за опцијата за останување во Европската Унија.
Ринго Стар, кој во јули наполни 77 години, ќе го објави 19. студиски албум „Мир и љубов“. Две песни на албумот направи Макартни, што е прва соработка меѓу двајцата екстремно популарни музичари од минатиот век, уште од 2010. година.




