За девет дена започнува Европското машко ракометно првенство, за десет Македонија во Загреб ќе игра со Словенија во рамки на првото коло од групата Ц, по што следат дуели со Црна Гора и Германија. Исходите од тие средби во голема мера зависат и од комплетноста на составите, а за сега нам се ни оди во прилог. И колку и да не е добро да се „грижиме“ и потпираме на отсуствата кај противниците, толку нашата обврска ќе биде олеснета со најавеното и многу можно отсуставо на бомбаредето на Вардар и на Црна Гора, Вуко Борозан и од синоќа најавеното, но скоро сигурно на Матеј Габер од тимот на Словенија.
Кружниот напаѓач на Пик Сегед стекнал скршеница на стопалото и сигурно нема да оди за Загреб, а селекторот на Словенците Веселин Вујовиќ се уште „виси“ и околу бекот на Барселона Јуре Доленец од што ќе зависи колку бронзените од последното СП ќе бидат силни во мечот против нас.