„Решение сега, без референдум“ е наслов на текстот на атински „Катимерини“ во кој весникот ги пренесува ставовите на претседателот на ДУИ во врска со можности за затворање на проблемот со името.
„Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, преку консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија“ вели Али Ахмети во интервјуто, пренесува дописникот на МИА од Атина.
Лидерот на Дуи уште додава дека ќе учествувале во преговорите за да постигнеме решание, а не само да преговараме“, пренесува МИА.
Тој предупредува дека „ако овој спор не се реши работите можат да бидат многу лоши“.
Пред десетина дена во Стразбур, во интервју за АНА-МПА, бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази оптимизам за решение за грчко македонскиот спор околу името,
„Како што сторивме со Заев, кога потпишавме Договор за добрососедство, а потоа беше ратификувано од скопскиот парламент, така и Алексис Ципрас и Зоран Заев прво треба да го решат прашањето помеѓу нив“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.





